Нови кадровски рокади на режимот: Државниот секретар од МВР, Анастасија Илиевска е нов директор на УЈП

0
1810

Државниот секретар во МВР, Анастасија Илиевска седна во директорската фотелја во Управата за јавни приходи.

Таа доаѓа на местото на Петар Есмеров, кој на оваа фунција беше недела дена откако неговиот претходник Кирил Миноски беше назначен за министер за финансии.

Илиевска во екот на мигрантската криза беше активна на терен и со меѓународни претставници ги посетуваше бегалците на Табановце и во Гевгелија.

Додека Оливер Спасовски беше министер за внатрешни работи, обвинуваше дела Владата преку државната секретарка во МВР, Анастасија Илиевска, се обидува противзаконски да раководи со МВР.

Изминативе месеци од опозицијата бараа да објасни од каде и е стекнат имотот, на што таа одговори дека имотот го поседува пред да стане државен секретар.

Илиевска дипломирала на Универзитетот  „Св.Климент Охридски” во Битола , Економски факултет Прилеп генерација во 1992 година. Во својата кариера од 2001 до 2014 работела како самостоен даночен советник во УЈП. Во периодот од 2009 до 2014 била член на советот на Општина Прилеп.