НОВИ ИСТРАГИ ЗА НОВИ КРИМИНАЛИ И ПРОВИЗИИ НА ПОРАНЕШНИОТ РЕЖИМ: Грујо секој ден ќе биде на судски рочишта од сега па наредни 10 години, а потоа децении на робија!!!

0
1370

За градбата на автопатите во 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предистражни и истражни постапки водат Обвинителството за организиран криминал и корупција и Специјалното јавно обвинителство, открива министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

„Има многу промашувања, нестручност и криминал во градбата на автопатиштата во изминатите години. Предистржни дејствија и истраги водат органите на обвинителствата, но тие се тајни и не сакам да откривам информации. На дневна основа, како што стигнуваат барања до Министерството од страна на Обвинителството за организиран криминал и од СЈО, согласно прислушуваните разговори, така ние испраќаме документација, потпишувани договори и друго“, рече Сугарески на вечерашното интервју во емисијата „Топ Тема“ на телевизијата „Телма“.

Засега има само едно обвинение покренато од СЈО, за проневера на над 120 милиони евра при изградбата на автопатите од страна на кинеската компанија Синохидро. Судењето треба да почне утре во Основниот суд Скопје 1.

Во случајот именуван како „Траекторија“, обвинет е поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот директор на Агенцијата за патишта Љупчо Ѓорѓиевски и експремиерот Никола Груевски. На ова судење ќе се слушаат бомбите за кинеските провизии што ги договараа Груевски и Јанакиески.

Извор: СДК.МК