(НОВИ ДЕТАЛИ) ЕКСКЛУЗИВА НА ЦЕНТАРЊУЗ : ДРУГАРОТ НА ТОДОРОВ БИЛ ФАТЕН И СО КОКАИН ПОКРАЈ МАРИХУАНАТА

0
2647
Александар Кацарски, пак, човекот што се крие зад иницијалите од полицискиот билтен, не само што работи во Министерството за здравство, туку во меѓувреме бил и унапреден, и е близок другар на Тодоров.
Според доброупатени извори пред пет до шест години, во возилото на Кацарски марка „Буба“ полицијата му фатила огромна количина кокаин пред средното угостителско училиште. За ова Александар Кацарски бил во притвор 2 месеци по што под силни притисоци од „некој“ министер од власта, го пуштиле на слобода.
Во Македонија се популарни полициските акции за нелегално производство и поседување наркотици, по кои за неколку грама марихуана граѓани добиваат повеќе години затвор. Но, законите не важат подеднакво за сите.
Пред повеќе од една година, во полицискиот билтен беше објавено дека 35-годишниот А.К. е фатен како неовластено насадил и одгледува марихуана на падините на Водно.
Од МВР случајот бил предаден во обвинителството, но ОЈО не кажува дали отворило истрага и како завршил случајот.
Извор : ЦентарЊуз