НОВИОТ ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ ГИ ЗАПРЕПАСТИ ТАЛИБАНЦИТЕ И ЌОСИЊАТА: Во Брисел побара Заев и Ципрас побрзо да го сменеле името на Македонија?!

0
1127

Сето тоа некако претставува една добро слово на хартија на имплементацијата. Неможеме да ја почуствуваме и не се случува. Злоупотребата на моќта од страна на Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз, лошите економски потези, лошите реформи во економијата, уназадувањето на економијата. Исто така гледаме дека ништо не се случува од аспект на реформите во судството и судскиот систем. Со еден збор кажано асолутно го понудивме сиот наш човечки и административен потенцијал како ВМРО-ДПМНЕ за да можеме да допринесеме и да дадеме вредност на она што се вели што е можна побрза интеграција на Република Македонија во рамките на Европската Унија, изјави тој.

Според него станува збор и за долгогодишниот спор за името којшто го има нашата држава со соседна Република Грција.

– Го запознавме еврокомесарот Хан за содржината на средбата која што ја имавме пред некој ден во клубот на пратениците, со владините претставници со Претседателот Иванов, со водството на ДУИ, господинот Ахмети. На самиот состанок како што рековме, за нас беше од информативен карактер, конечно дознавме за што станува збор. Го видовме предлогот кој што господинот Нимиц го има доставено до преговарачите, кој што повеќе или помалку и е познат на јавноста. Но исто така потенциравме дека остануваме на патеката за што е можно побрзо интегрирање на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено потенциравме дека ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на државните и национални интереси. Со жалење може исто така да констатираме од она што можеме да го прочитаме деновиве по медиумите, дека за решавање на овој долгогодишен спор помеѓу нашата земја Република Македонија и соседна Република Грција. Сеуште во општеството и помеѓу политичките конкуренти во соседна Република Грција не постои консензус, додава тој.

-Апелирам што е можно побрзо да се најде консензус и да дојде крајот нарешавање на овој долгогодишен спор кој што Република Македонија го има со соседна Грција, завршува Мицковски.