НОВИОТ БРОЈ НА ФОКУС : Грујо е невин со тапија!

0
1445

Naslovna-1039

СУДСКА ХИМЕНОПЛАСТИКА
А денот почна забавно, кога координаторот на пратеничката групировка на ДПМНЕ ѝ обзнани на нацијата: „ние имаме достоинство“! Што не кажавте порано!? Вака живеев во заблуда дека тоа им е дефицитарна жичка. Потоа, истиот ден видовме како достоинствено го згазија договорот од Пржино. Да, нивните специјалци во тоги ја одработија акцијата, со кодно име – „хименопластика“. И, демек, сега Грујо е невин со тапија!?

СУДОТ НЕ ГИ ПРИЗНАВА БОМБИТЕ
Судијката Славјанка Јанкоска, по барање на адвокатот на премиерот, одлучи дека снимките од прислушуваните разговори, приложени како докази, се неосновани и незаконски. Правните аналитичари велат дека ова е обид да ѝ се попречи на правдата, што е кривично дело, но и да се минира договорот од Пржино

ЗАЕВ ИМ РАСКИНА НА „ГРАЃАНИТЕ“
Ако може да се говори за лоша одлука во релациите СДСМ – граѓанско движење, тогаш тоа не е формалниот раскин на коалицијата, туку одлуката на граѓанското движење да му ги предаде на СДСМ сите ингеренции да преговара во име на граѓаните, а притоа да ги замрзне сите акции на отпор против режимот

БАЛКАНСКИ БАЛ ВО ВИЕНА
Кај па сега најдоа да го организираат Самитот за Западен Балкан во Виена? Токму кога е жестока политичка предизборна кампања. Колку странски инвестиции ќе останат непривлечени. И колку нови или „пишман“ закони ќе останат недонесени. За намалените казни и за зголемените пензии, ич збор не станува!

АЛАРМАНТНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Македонија нема да може да се пофали со квалитетни вина и со богат земјоделски род веќе за една деценија поради климатските промени. За проблемот кој на среден рок економски силно ќе ја погоди земјата, а особено стандардот на земјоделците, власта не прави ништо

КОЈ Е ВИСТИНСКИОТ УБИЕЦ?
И по пет месеци од сообраќајната несреќа кај Универзалната сала во која загина 19-годишната студентка Фросина Цековска, надлежните молчат, а јавноста сѐ погласно шпекулира дека вистинскиот возач не е осомничениот и дека тој се штити

САГА ОКОЛУ „СЛАВИЈА“
Дел од вработените во некогашна „Славија“ не можат да си ги наплатат платите и придонесите, бидејќи судот ги укина извршните решенија, а тие стравуваат дека нема да ги остварат своите права, особено ако се продадат вредните објекти во посед на компанијата

КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА, ТАМУ Е И КОРУПЦИЈАТА
Како да ја искорениме корупцијата од нашата политика? Како да го торпедираме пиратскиот брод на алчните дебелогази политичари, кои со децении ја пљачкаат нашата татковина? И како сето тоа да го постигнеме пред и самите да се најдеме на дното од кое враќање нема?

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Има кај нас луѓе, меѓу кои спаѓа и Никовски, кои се убедени дека Америка сака да ја уништи нашата држава и нас Македонците како народ. Но, тие површно ги гледаат работите, и наместо на владеењето на разумот и знаењето, се потпираат на своите чувства

Ана ПАНОВСКА
Сите забелешки од извештајот на Прибе, без исклучок, мора да влезат во фаза на решително и доследно разрешување. Времето гази, ама многу било, малку останало. Трката овој пат мора да биде фер; без допинг, без поткупени судии. Е, тогаш, ајде сите на избори!

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Со доаѓањето на власт, секоја нова политичка гарнитура перфектно е упатена во шемата како големите и лесно спечалени пари, доаѓаат од сивата и темна зона. Се работи за пари стекнати на криминален начин, па логично е да се редистрибуираат во духот на борбата против криминалот и корупцијата

Рамадан РАМАДАНИ
Мислам дека ова се можностите за стратегија на опозицијата: или да врати со протерување пратеници од актуелното мнозинство, или по младешката песна на „Плави оркестар“, „ако су то само биле лажи, лажимо се бар још мало“, да изгради ново мнозинство