Нова ТВ: Како снимките со Диме Спасов од УБК завршија на провладините медиуми?

0
1573

Лицата на снимките кои ги презентираше телевизија Сител во дневникот во 16 часот, кои наводно го вадат дополнителниот заменик министер Диме Спасов со пиштол од автомобилот се припадници на „Алфите“, а не насилници од коишто тој бегал. Со снимките располагало единствено УБК, а тие одбиле да ги достават снимките од СВР -Скопје, дознава Нова ТВ од извори во скопската полиција.

Според Нова ТВ, УБК не ги дала снимките од камерите на кои е снимен инцидентот на Спасов на СВР Скопје. УБК е единствената институција во чие владение се безбедносните камери од улиците, а СВР-Скопје ги побарало за да може да ги расветли случувањата од таа ноќ. Денеска овие снимки завршија во провладините медиуми со наслови кои сугеририаат дека Спасов бил гонет од насилни луѓе со пиштоли.

Попладнето на провладините портали се појави видео од безбедносните камери поставени на бандерите низ градот од ноќта кога Спасов предизвика сообраќајни незгоди со службено возило на Агенцијата за вработвање и бегаше од полицијата.