НОВА СУБРАТА РОЈ КАТАСТРОФА НА ГРУЕВСКИ: Ништо од катаклизмичните најави за Веибо Груп кој требаше да вработи 8000 народ во Ранковце, и ветувањата дека ќе се сади памук, ќе се гради мини град, фабрики, инвестиции од 500 милиони евра… Деновиве си заминале чуварите од инвестициската зона кои не земале три месеци плата!

0
1112

Ништо од катаклизмичните најави за инвестицијата од Веибо Груп во Ранковце која требаше да вработи 8000 народ, да гради мини град, да се садат полиња со памук, да се инвестираат над 600 милиони евра… Но Мактел дознава дека ништо од тоа нема да биде, чуварите во индустриската зона Ранковце си заминале дома по 3 месеци работа без плата.

veibo-500-480x212

Пред неколку дена и порталот Нова Тв направи репортажа кога чуварите се жалеа дека инвестицијата е прекината, машините се собрани и тргнати од локацијата а самите чувари се жалеа дека немале земено плата со месеци. Еве што напиша новинарката Кристина Озимец за Нова пред неколку дена:

„Пред два месеци ги собраа машините и отидоа“

До жителите на Ранковце изгледа уште не стигнал гласот дека во нивниот регион ќе никне најголемата фабрика за текстил и за облека во Европа, како што најавуваат таблите поставени пред индустриската зона во изградба. Но, Ранковце е мало место, па веќе како молња се рашириле шпекулациите дека во зоната наместо странски инвеститори, ќе влезат домашни моќници блиски до власта. Граѓаните кои ги сретнавме на автобуската станица пред селото ни изјавија дека инвестицијата е стопирана.

– Нема ништо од тоа, се откажаа и си отидоа. Цела механизација ја земаа. Не верувам дека ќе продолжи инвестицијата. Во фабриката во Крива Паланка работи мајка ми, ѝ даваат околу шест илјади денари, таму се работи сега за сега, од овде се откажаа, изјави Мануел кој живее во Ранковце.

И неговите соселани не се оптимисти од најавите за голема инвестиција.

– Излегоа со ветувања дека ќе има добри услови за работа, ќе качат плата, ќе има нормално работно време. Овде во Ранковци ги ангажираа сите, на еден или на друг начин влегоа во играта. Некој парно им правел, некој за машини, работници, но кога почнаа да се објавуваат „бомбите“, сѐ се стопираше, изјави друг граѓанин на Ранковце.

Зачудени од тврдењата на Ранковчани дека инвеститорите се пишманиле од инвестицијата ја посетивме планираната индустриска зона во изградба, каде треба да никне европскиот центар на текстилот. На почетокот од патот кон идната зона стои голема реклама на која има мапа со план за инвестицијата на „Веибо груп“. Иако е видливо дека градењето на зоната и на патот стартувало, градежните активности се стопирани. Таму најдовме само еден чувар на монтажните бараки со логото на „Веибо“.
– Стопирана е работата, не знам зошто, но пред два месеци ги собраа машините и отидоа. Два месеци немаме плата земено, нема никој тука, ни одговори чуварот откако прашавме дали може да поразговараме со претставници на „Веибо“.

Се обидовме да разговараме со надлежните и во фабриката во Крива Паланка каде работат околу 500 луѓе, но од обезбедувањето нѐ информираа дека официјалното лице не е тука во моментот. Прашања за тоа како напредува инвестицијата на Веибо во индустриската зона во Ранковце, дали инвеститорот се премислил од инвестицијата како што се шпекулира меѓу граѓаните и кои поволности ги добиле за да инвестираат во зоната испративме и до „Веибо груп“, но не добивме одговор.

Целата сторија на Нова ја имате на следниов линк.