„Нова“ рокна БОМБА: Доказите за „Телеком“ под тепихот на обвинителството!

0
1252

Документи од истрагата која се водела во Обвинителството во Македонија до коишто дојде порталот Нова покажуваат дека голем дел од деталите изнесени во јавноста во врска со меѓународната истрага за „Телеком“ им биле познати на македонските органи на правдата во време кога истрагата се отвори во Македонија.

telekom

Од преводи на меѓународните ревизии и сослушаните сведоци во Будимпешта, до увиди во е-маил преписки, банкарски транскации на физички и правни лица инволвирани во скандалот-сето ова било дел од досието „Телеком“ кое години наназад лежи во фиоките и чека специјални обвинители и специјални времиња за истрагата да вроди со плод, а оние кои ги зеле мито и ги оштетиле македонските граѓани да одговараат пред органите на правдата.

Документите јасно покажуваат дека Основното јавно обвинителство за гонење организирран криминал и корупција започнало активна и опсежна истрага во врска со обвинувањата. Постојат стотици документи само од банкарските сметки на фирмата „Камени мост АД“ од чии што сметки се префрлиле милиони евра на сметката на кипарската „Чаптекс“, пари кои според американскиот суд служеле за поткуп на македонски топ функционери од страна на „Маџар Телеком“.

Во тоа време јавен обвинител во одделението за гонење на сторителите на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција е актуелниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски, а само една година подоцна,, односно во 2009 година тој станува шеф на тоа одделение.

Во август 2008 година Управата за спречување на перење пари на чело со Ване Цветанов доставува предлог до Јавното обвинителство да се замрзнат сите сметки на компанијата „Камени мост комуникации АД“ која е веќе во процес на ликвидација под сомнение за „сомнителни транскации кои потекнуваат од дивиденди од Телеком со цел истите да бидат извлечени и префрлени на странски правни лица по сомнителни основи“. Понатаму во документот се вели дека „сомневањата се во насока на тоа дека оваа фирма постои со цел да се извлечат парите од превисоките дивиденди кои „Маѓар Телеком“ го добива од „Македонски телекомуникации“ и по пат на прикривање на трагата на парите префрлани се на повеќе сметки по сомнителни основи при што постои основано сомнение за сторено кривично дело перење на пари“.

Целиот текст од истражувачката сторија на Сашка Цветковска и на Горан Ризаов прочитајте го ОВДЕ