Нова година, стари трикови

0
1338

Сакајќи да направат историска, направија типично кампањска платформа. Албанските партии наводно се обединија. Тоа би било одлично, доколку нивната платформа не ја содржеше истата популистичка реторика поради која граѓаните одбраа промени.

Никој не вели дека нашите меѓуетнички односи се совршени. Ниту дека не треба да бидат предмет на широка општествена дебата. Но, исфрлањето на екстремни позиции во преден план само ги крие вистинските проблеми со кои се соочуваме. Токму поради тоа, албанските гласачи ја казнија ДУИ. Обидот за враќање на изгубените гласачи преку старите националистички политики нема да вроди со плод. Напротив, само ќе го продлабочи јазот.

Да се изразам со вечните зборови на нашиот сограѓанин од Арачиново: „Ние сакаме канализација, а не федерализација.“ Нашиот систем смрди на криминал и корупција, како септичка јама.

Поинаку кажано, се’ додека албанските, или македонските политички партии се бават со фиктивната федерализација, на сметка на реалната потреба од канализацијата која ќе ги исфрли криминалот и корупцијата од нашиот систем, сите ние сме во реална опасност да се удавиме во споствените г*мна.

Фејсбук статус на Павле Богоевски