Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп размислува да назначи жена и геј на важни позиции во идниот предводен тим – историски чекор кои ќе внесе разновидност во администрацијата на Трамп, кој веќе се соочува со прашања за врските со бели националисти, пренесоа американските медиуми .
Новиот претседател ја разгледува кандидатурата на Ричард Гренел за амбасадор на САД во ОН. Ако биде избран и последователно утврден од Сенатот, Гренел ќе стане првата личност со отворена хомосексуална ориентација на таков надворешнополитички пост, еднаков на министерски. Гренел беше портпарол на САД во ОН при управувањето на поранешниот претседател Џорџ Буш.