Никој те нејќе, никој

0
1737

Знам дека еднаш прашувал зошто не го сакаат. Па да му одговорам на Никола што носи убаво име, но за жал, сосе презимето се руши целата поента на убавото.

Не те сакаат, ниту те сакаме бе Никола, зашто им ја зема насмевката од лицата на луѓето, зашто децата од дома на скајп им ги пресели, зашто наполни со пари пропалици изгубени и јалови луѓе, зашто и ти се наполни со пари ненаситен, зашто заради тебе бел ден не видовме, ние кои од прв ден велиме дека не си како што треба, ние кои не сакаме мерцедеси и станови, ние кои не сме бонева и велјановски илија и влатко миле и гордана, ние кои сакаме чист воздух и убава храна, ние кои ја сакаме Македонија и нејзините села, ние кои сакаме едноставен живот и иднина за нашите деца, а кога умираме по болниците да не умираме како кучиња и да не не селат штотуку оперирани по студот и по мраз од една болница во друга на очиглед на сите, ние кои сакаме само еден одмор и едно зимување, ние кои не сакаме чашата да ја преполнуваме за да претече и да го извалка чаршафот.

Те нејќеме зашто видокругот ни го смали, зашто во граници не затвори, зашто сонцето ни го скри, зашто од извршители не можеме да куртулиме и од кучињата кои ти ги праќаш да не сотрат. За што по банки окапавме и по судови. Затоа те нејќеме, зашто човечкото и хуманото во оваа држава го уништи, зашто традицијата ја испреврте, зашто не знаеме веќе минатото кај е, а за иднината ич да не зборуваме, зашто ни ги затвори малите продавници во кои купувавме, луѓето со кои се гледавме ни ги сотре и исели, зашто сред ноќ се будиме во секирации и пот, за утре на нашите деца и наше, зашто поткупи сè живо и диво и зашто си нечовек, ете затоа, за да не прашуваш повторно, еве јас да ти кажам…Никој те нејќе, никој.

Фејсбук статус на Офелија Димковска