НИКОЈ НЕ ГИ САКА ЗАВИСНИЦИТЕ ОД ДРОГА: Министерство за здравство се повлекува од идејата за локација во Гази Баба по негодување на локалните жители и бизнис заедницата

0
1187

На моја иницијатива заедно со министерот за здравство, Венко Филипче, остваривме средба со претставниците на бизнис заедницата во рамки на индустриската зона МЗТ, разговаравме во врска со нивната претставка околу локацијата на Центарот за зависници.

По реакциите на бизнис секторот, но и на граѓаните, на средбата истакнавме дека министерството за здравство се повлекува од локацијата во рамки на индустриската зона МЗТ и дека во наредниот период министерството ќе бара нова локација.

Жалиме што дојде до недоразбирање во јавноста по однос на ова прашање. Општината, исто како и министерството за здравство, се отворени за дебата по ова, но и секое друго прашање, и ги слушаме критиките и предлозите од граѓаните, соодветно на истите ги креираме нашите проекти. Времето на наметнати и изнудени решенија заврши. Граѓаните можат да бидат спокојни, нивниот глас денес се слуша и почитува.

Фан страна на Борис Георгиевски, градоначалник на општина Гази Баба.