Николовски: Ќе го продолжиме мандатот на СЈО

0
906

СДСМ ветува дека ќе го продолжи мандатот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и ќе бараат отворање на специјално судско одделение.

Од Ранковце порачуваме треба да има правда за сите и мора да има контрола на власта.

Прво што ќе направме ќе го продолжиме мандатот на Специјалното јавно обвинителство, ќе го продолжиме рокот за истраги и ќе предложиме и ќе бараме специјално судско одделение коешто ќе постапува по постапките на специјалното јавно обвинителство.

Секој, од бомбите и од прислушкуваните материјали ќе одговара пред лицето на правдата и пред законот, изјави денеска во Ранковце, Љупчо Николовски, носител на кандидатска листа на СДСМ и опозицијата во изборна единица 3.