Николовски: Со ревизијата на доделеното државно земјоделско земјиште, ќе ја вратиме земјата кај вистинските земјоделци

0
1713

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, посебната советничка за земјоделство на Претседателот на Владата на РМ, Ленче Николовска, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски, вчера вечерта присуствуваа на заедничка трибина со земјоделци од скопското село Љуботен.

26730790_2088386944716167_6430151911583625088_n

На трибината се разговараше за моменталната состојба во земјоделството, за проблемите со кои се соочувале земјоделците од овој регион во изминатите години, како и за идните политики на Владата за развој на земјоделскиот сектор. Земјоделците имаа можност да поставуваат прашања до присутните претставници од Владата.

Министерот Николовски посочи дека овие теренски средби се важни, за да се слушнат предлозите на земјоделците, токму во овој период кога се подготвува петгодишната Национална програма за земјоделството и руралниот развој.

26220142_2088387931382735_6155233774223807485_n

-Од почетокот на нашиот мандат интензивно сме посветени на носење на мерки со кои ги враќаме парите кај граѓаните, а ги кратиме непродуктивните трошоци. Првите две клучни мерки кои ги ветивме и значат повеќе пари во земјоделството, се измените на Законот за персоналниот данок со кои овозоможуваме земјоделците со основна дејност кои имаат приход до 1 милион денари да добијат поврат на данокот, потоа воведувањето на мерката за евтина зелената нафта, како и ревизијата на доделеното државно земјоделско земјиште во изминатите години. Процесот на ревизија кој се спроведува во моментов, е една од најклучните мерки. Констатиравме огромен број на незаконитости, неправилности и при доделување на земјата и во целокупниот процес на спроведување на огласите. Интензивно работиме на овој случај, изминатиов период веќе се раскинаа договори поради констатирани неправилности.Во следниот период ќе објавиме голем број огласи за доделување на државно земјоделско земјиште, се со цел земјата да се врати кај вистинските земјоделци“, изјави министерот Николовски пред присутните земјоделци.

Посебната советничка за земјоделство на ПВРМ, Николовска, ги запозна земјоделците со целта на формираниот Комитетет за земјоделство и безбедност на храна.

„ Формиравме Комитет за земјоделство и безбедност на храна, силно владино тело кое ќе биде во функција на земјоделците и агробизнисмените, кое ќе има задача да ја следи реализацијата на мерките и програмите но и да дава насоки во интерес на развој на земјоделството и европските перспективи. На седниците со кои ќе претседава Премиерот Зоран Заев ќе бидат присутни уште 4 министри, вицепремиер за економски прашања и директори на институции, учество ќе земат и земјоделци, агробизнисмени, откупувачи и други претставници од агросекторот зависно од темата или проблемот кој треба да се реши“, изјави Николовска

Дел од прашањата на земјоделците беа за исплата на субвенциите, олеснување на процедурата за аплицирање за парите од ИПАРД Програмата, проблеми со имотно-правни односи, доделување на земјоделско земјиште, пласман на прозиводите.

Министерот Николовски посочи дека политиката на Владата ќе биде во наоска на навремена и неселективна исплата на субвенциите, и дека интензивно се работи на зајакнување на советодавните служби за земјоделците се со цел поголема искористеност на парите од годишните Програми за земјоделство и рурален развој, а пред се на парите од европските фондови кои се важни за модернизирање на земјоделското производство. Исто така беше посочено дека преку измени на Законот за земјоделство и рурален развој, ќе се регулира пласманот и откупот на земјоделски производи.

Директорот на Платежната агенција Бабовски, посочи дека исплатата на субвенциите се одвива континуирано, без грешки и им порача на земјоделците дека надлежните институции ќе се стават во функција на едукација на земјоделците во делот на апликациите.

„Реализацијата на директните плаќања е 99 проценти, никогаш Агенцијата немала толкава реализација. Ние ќе направиме се за субвенциите да се исплатат навреме и да стигнат до вистинските земјоделци“, изјави Бабовски.

Праксата за отвореност на ресорното министерство ќе продолжи и во следниот период, најави министерот Николовски, додавајќи дека директната комуникација со земјоделците и сите чинители во земјоделскиот сектор е најдобриот модел за креирање на ефикасни аграрни политики.