Николовски: Првиот човек на МВР мора да ги има сите овластувања

0
967

Позициите на СДСМ остануваат исти, непроменети. Очекуваме во текот на утрешниот ден да имаме повеќе информации и од страна на меѓународните партнери дали преговорите ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, рече членот на ИО на СДСМ Љупчо Николовски како одговор на новинрско прашање на денешната прес конференција.

– Ние остануваме на нашите позиции и се надевам дека ќе се дојде до договор по вразумувањето на другите учесници во целиот овој процес, особено на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со внатрепартиски консултации, Николовски рече дека тие се во тек.

– Консултациите се во тек и не би можел да кажам пред утрешниот ден, до кога е даден рокот нели за продолжување на преговорите. Овие два дена СДСМ ги користи за внатре партиски консултации. Но, нашите позиции се јасни и остануваме на истите – рече Николовски.

Тој не ги коментираше причинитеп поради кои заглавија консултатициите, но во однос на ингеренциите на министерот а внатрешни работи рече дека согласно законите во Република Македонија, Законот за Влада, со министертвата раководат министрите и не може да се прави никаков друг исклучок со Министерството за внатрешни работи да раководи некој друг.

– Цврсто ќе стоиме на ставот дека министерот за внатрешни работи, за да ги сноси сите одговорности што ги има, ќе мора да ги има во целост сите овластувања, ингеренции што му се по закон. СДСМ од таа позиција нема да се помести -посочи Николовски.