Николовски: На Триумфалната ќе поставиме бројчаник, ќе ги брои вратените милиони евра

0
885

Изборот е живот во Македонија ако Груевски не слушнал и не разбрал треба да му е јасно дека Македонија е крената на нозе неговото криминално и мафијашко време, помина украдениот живот го враќаме на граѓаните, рече новителот на листата на коалицијата на СДСМ во ИЕ 3, Љупчо Николовски.

– Едно е првите ветувања на претседателот Зоран Заев е дека на Триумфиналната порта ќе поставиме бројчаник што ќе ги одбројува милионите евра што ќе ги вратиме кон граѓаните, ќе ги вратиме и милионите што ги даваа на Субрата Рој. Ќе донесеме закон за да го заплениме криминално стекнаниот имот и со друг закон нема да постои офшор компанија зад која ќе се кријат тајкуните од власта. Тоа се клучните мерки преку кои ќе ги враќаме парите, ќе имаме влада со помалку министри и ќе бараме и помалку пратеници, сите ќе даваат отчет за секое едно евро, за секое кафе. Тоа е договорот со претседателот Заев тоа е договорот на целиот тим што денеска бара поддршка од вас – рече Николовски.

Тој зборуваше и за економските зони што ги ветува Илија Димовски и ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, Берово, Виница, во нив , рече Николовски, нема ниту еден индустриски капациентте, ниту едено вработување.

– Секаде каде ветуваше Груевски инвестиции сега е пустош и празни ливади. Нема да му дозволиме да прави пуштош тоа ќе го спречиме на 11 декември. Заврши тоа лошо време невреме и никогаш нема да се повтори нема што да понудат повеќе пред граѓаните – рече Николовски.