Николовски меѓу лозарите: Ова е последна неизвесна година, ќе имате сигурен откуп!

0
797

Изјава за медиуми,

Љупчo Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ

03.09.2016

Денес на самиот почеток на бербата на грозјето сме во Кавадарци за да бидеме со лозарите да ги слушнеме проблемите и да ги понудиме решенијата на СДСМ што ќе бидат дел од нашата понуда. Имаме чесна понуда и сакаме да ги решиме проблемите што ги имаат овие чесни луѓе.

Oна што е клучно во програмата е што воведуваме во првите 100 дена од мандатот на новата демократска влада зелена поевтина нафта за 50% која ќе се користи за земјоделската механизација. Воведуваме поевтини вештачки ѓубрива и поквалитетни репроматеријали. Затоа што сметаме дека со намалувањето на производствените трошоци ќе имаме подостоинствен живот и стандард на лозарите.

Но, она што го ветуваме и гарантираме дека ќе го реализираме е што ќе има сигурен откуп на производството т.е. на грозјето. Ќе застанеме во решавање на проблемите на винариите, но и проблемите што ги имаат лозарите. Имаме системски решенија и мерки и затоа велиме дека 30 дена пред откупот ќе се договараат цените по коишто ќе се откупува. Тоа се само дел од решенија и мерките за коишто се обврзуваме веднаш да ги реализираме и цврсто стоиме зад овие системски решенија.

101_5217-670x503