Николовска: Со одлуката на Уставен се минира работата на Специјалното обвинителство

0
1070

Сега Претседателот на државата е на потег. Од него зависи како ќе го користи помилувањето, во кои случаи, за кои лица и за какви дела, вели поранешната судијка Маргарита Цаца Николовска по вчерашната одлука на Уставниот суд. Со враќање на сила на членот 11 од Законот за помилување, Претседателот Ѓорге Иванов повторно има дискреционо право да помилува без претходно поведена постапка и во било која фаза од кривичниот прогон.

„На овој начин, фактички ќе се минира целокупната работа на Специјалниот јавен обвинител, иако сите политички партии се договориле истиот да се формира и истиот да работи. Која ќе биде работата на Специјалниот јавен обвинител ако Претседателот кој што има можност уште во самото гонење да презема акции за помилување и за такви предмети каде што ќе интервенира Специјалниот јавен обвинител? Прашањето на неговото функционирање и понатаму на функционирањето на судовите е доведено под голем знак на прашалник“, рече Маргарита Цаца Николовска – поранешен судијa.

Текстот во целост на Алсат.