Никола Маџиров добитник на меѓународната награда „ДААД”

0
1071

Поетот Никола Маџиров е добитник на меѓународната награда од светски размери – „ДААД”, стипендијата за автори и уметници за 2016 година.

poet

Досега добитници на ова признание биле Ингеборг Бахман, Збигњев Херберт, Сузан Сонтаг, Маргарет Атвуд, Гомбрович, нобеловците Марио Варгас Љоса и Имре Кертес, како и венцоносците на Струшките вечери на поезијата В.Х. Одн, Генадиј Ајги, Ружевич, Сангвинети, Томаж Шаламун и годинешниот добитник Беи Дао.

Меѓународно жири од десетина членови експерти за книжевноста и уметноста во глобални рамки, го избра Маџиров заедно со уште неколку автори од Тунис, Израел, Кенија како прв автор од Македонија од основањето во 1963 година.

Наградата вклучува едногодишен книжевен престој во Берлин, во кој Маџиров ќе ја заврши својата поетска книга и ќе учествува на неколку книжевни настани низ Европа.

Ова признание се доделува и на филмски режисери и досега добитници биле Тарковски, Џим Џармуш и Бела Тар, како и композиторите Стравински, Џон Кејџ, Арво Перт, Горецки, Стив Рајх, Пендерецки, а од визуелните артисти Марина Абрамовиќ.

Никола Маџиров ќе престојува во Берлин од првата половина на 2016 година до истиот период 2017 година.