Никола Ивановски е нов претседател на Уставен суд

0
1225
Со седум гласа „за“ и два „против“, Уставниот суд претпладнево го избра за нов претседател уставниот судија Никола Иваноски. Со неговиот избор е прескокнат редоследот, велат од Уставниот суд, бидејќи на ред беше следните три години највисокиот суд да го води уставен судија од редот на заедниците.
Претходно, ад хок формирана комисија за кадровски прашања, составена од тројца уставни судии го предложила Иваноски за петседател. Претседател на Уставниот суд се станува со гласовите од најмалку две третини од уставните судии, односно со шест од девет гласа.
Пред десетина дена, Уставниот суд го избра Александар Лазов за генерален секретар, на местото на Оливера Филиповска, за која досегашната претседателка Елена Гошева не успеа да ги убеди уставните судии од мнозинството околу неа да ја реизберат.