Никола Димитров: Груевски не заслужува ни три гласа

0
1594

Читам и не ми се верува. Појасно не може да биде. Груевски вели дека пролонгирањето на работата на СЈО значело и пролонгирање на кризата. Тие кои биле за тоа немале добри намери за државата. Значи борбата против криминалот и злоупотребите не е било добро за државата?

Таа борба, за правда и расчистување, не е добра за него, штом му пречи СЈО. Груевски луѓе сериозно мисли дека тој е државата. Тој мисли дека кризата на одговорност може да се реши со заташкување. Дека се’ ќе биде добро ако го снема СЈО. Овој човек не заслужува ни 3 гласа. Овој човек воопшто не треба да учествува на избори. Овој човек е коренот и суштината на кризата.

Фејсбук статус на Никола Димитров