Не сте свесни колкава е вредноста на овие 17.000 гласови!

0
1019

go sakam GTC 1.preview

За потсетување: СДСМ имаше 12.866 гласови на последните локални избори. Ако ги додадеме гласовите од СДУ, Титови леви сили и Либерална, кои настапија самостојно, тогаш се добива бројка од 14.000.

Сега излегоа 17.000 гласачи.

Во 2005 излегоа на гласање 15.605 гласачи. Аларова победи со 8.891.

Во 2009 излегоа 23.113 гласачи. Победи Тодоровиќ со 11.577, а Вуиќ имаше 10.277.

Во 2014 излегоа 27.746 гласачи. Победи Жерновски со 15.061 гласови.

Крајно симптоматични се оние 11 илјади гласови на ДПМНЕ на последните локални и парламентарни избори поради манипулациите со Пустец и лажните пасоши.

Сега на референдумот излегоа 17.000 гласачи. Тоа е повеќе од 2005 кога на изборите победи Аларова без да има бојкот.

Не сте свесни колкава е вредноста на овие 17.000 гласови со неисчистен список и фантомски гласачи кои се појавуваат посебно на изборите во 2013. Споредете ги бројкиве, ќе добиете фрапантно зголемување на излезноста последниве циклуси и енормен раст на поддршка за опозицијата (и набилдани 11.000 гласови за власта).

Фејсбук коментар на Кант Ламбер