Не му е лесно на премиерот Заев кога преговара со НАЦИОНАЛИСТИТЕ од ,,БЕСА” , преговорите ќе продолжат во Среда, Заев ќе се обиде да го вразуми Касами и да го врати во реалноста!

0
1017

Третата и последна фаза од имплементацијата на Преспанскиот договор започнува в среда, на 9 јануари кога е закажана седница на Собранието за усвојување на уставните измени.

За да помине текстот на амандманите на Уставот предложен од Владата треба да биде поддржан од најмалку две третини од пратениците во законодавниот дом или од 80 пратеници.

Премиерот Зоран Заев е оптимист дека ќе успее да го обезбеди потребното мнозинство во Собранието пред финалното гласање на уставните измени кои се неопходни за имплементација на Договорот од Преспа иако вели дека бројката на пратеници кои ќе ги поддржат ќе се знае на чинот на гласањето.

Заев деновиве има средби со лидерите на албанските опозициски партии Беса и „Алијанса за Албанците“ кои единствено поднесоа амандмани на уставните амандмани во предвидениот законски рок, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува во измените.

-Двете опозициски партии од албанскиот блок досега беа конструктивни во однос на процесот на уставни измени. Дел од нивните сугестии се вградени. Сите политички партии силно го поддржуваме процесот на евро и евроатланските интеграции, но со нив ќе разговараме и за оние работи за кои имаат резерви, рече Заев.