Не е готов

0
1069

Како што Груевски глуми дека е само лидер на партија, а не и премиер, така и Ѓоле глуми дека е претседател и татко на нацијата.

Пред две недели потпиша аболиција за осомничени криминалци и за по некој сведок што потоа го најдоа застрелан, а пред два дена постхумно им даваше ордени на семејствата на осумтемина полицајци што загинаа лани на 9 мај во акцијата во кумановско Диво насеље. Полицајците си ги заслужија сите ордени на светот, оти до последен здив си ја вршеа својата работа. Ама прашањето е како претседателот, што пред две недели се фалеше дека има начини да дознае сè во државата, сè уште не ни кажа дали дознал зошто загинаа полицајците.

Кој ја смисли акцијата? И кој ги пушти да загинат?

Единствено е познато дека три дена подоцна оставка си дадоа и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков. Никој не дозна зошто. Па уште на свеченоста на доделувањето на ордените Иванов им раскажуваше на полицајците дека се соочувале со „насилни акти во градовите и последиците на политичката криза“. Оти му го искршија излогот на канцеларијата во која влегуваа само тие што ги интересираше дали уште стојат автобуси на ЈСП пред „Рекорд“.

Што е насилство за Иванов? Црвената вода во фонтаните. А не е насилство да убиеш симпатизер на сопствената партија на победнички митинг и потоа брутално да го криеш убиството. А потоа, кога на 5 мај лани се откри како четири години била криена вистината за смртта на Мартин, не беше насилство кога полицијата во читална во библиотека ги ловеше студентите што протестираа. И не беше насилство свеченото промовирање на водените топови што Иванов ги доби на подарок од неговиот пријател Ердоган. И сега, претседателот дели ордени на жртвите на политиката што тој ја аболицираше.

Не знам дали е лицемерие. Или злоба. Оти глупост сигурно не е. Тоа што Иванов одлучил да се понижува себеси е сосема неважно. Ама дај нека престане да ја понижува функцијата претседател. Оти понижувајќи го претседателот ги понижува и граѓаните. И нè навредува. Ние се срамиме поради него.

Горан Михајловски
колумната во целост прочитајте ја тука