Нејмар ќе добие неделна плата од 680.000 евра!?

0
1381

Раководството на Барселона е подготвено да му понуди неделна плата од 680.000 евра на напаѓачот Нејмар, пренесуваат шпанските медиуми. На овој начин Каталонците сакаат да го спречат евентуалниот трансфер на Бразилецот во Манчестер Јунајтед.

446402_heroa

Доколку овие шпекулации се покажат како вистинити, тоа значи дека Нејмар во наредните шест години само од платата во Барселона би заработил повеќе од 200 милиони евра.

Медиумите пренесоа дека преговорите околу новиот договор на Бразилецот би требало да започнат пред Новата година.

Нејмар во Барселона пристигна пред две години од Сантос за сума од околу 60 милиони евра, а во договорот кој го потпиша неговата откупна клаузула изнесува 190 милиони евра, сума која наводно е подготвен да ја плати Манчестер Јунајтед.