Неподвижната тетовчанка згрижена во болницата во Тетово

0
1167

52-годишната Нина Диму е згрижена во Клиничката болница во Тетово по сторијата на Телма, за негрижата на институциите која оваа жена деновиве ја оставија да лежи болна во бессознание на подот од оваа руинирана соба, во која живее 15 години.

tetovo_bolna_zena1-540x373

Директорот на Болницата Флорим Бесими кој во текот на денот одби да даде изјава за случајот вечерва по објаувањето на извештајот изјави дека 52 годишната пациентка ќе биде лекувана се додека Центарот за социјални работи Тетово не ја згрижи во соодветна установа. Пациентката веќе е контактибилна и прима соодветна терапија речи Бесими Тој тврди дека и претходно Диму била лекувана во тетовската болница а во својот дом без да биде хоспитализирана била вратено од страна на Тетовската брза помош на што реагираа нејзините соседи.

Од Брзата помош во Тетово го тврдеа спротивното. Според нив Нина диму Диму уште во неделата била предадена да лежи во Клиничката болница во Тетово.

Нина е неподвижна. Поради неухранетост, нејзината здравствената состојба секојдневно и се влошуваше. Едвај има 20 тина килограми. Таа нема семејство. За неа соседите водела грижа се до пред еден недела, кога нагло и се влошило здравјето.

Целата приказна е тука.