Ненад Новковски: Гласањето за „ВМРО за Македонија“ е највисоката патриотска должност на секој што го почитува ВМРО и вредностите на десницата

0
1122

Катастрофалното раководство од ВМРО-ДПМНЕ што на сиот глас труби дека не требало да се гласа за ВМРО за Македонија зашто тоа ќе било исто како да се гласа за СДСМ, да почне интензивно да размислува како да се повлече со најмали штети од ужасната состојба во којашто не донесе.

Гласот за ВМРО за Македонија е дефинитивно глас против оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ што ја донесе Македонија во најлоша состојба од кога и да е во периодите што ги познаваме. Гласањето за ВМРО за Македонија е, оттука, највисоката патриотска должност на секој што го почитува ВМРО и вредностите на десницата, на европската народна опција, слободата и правдата.

Ние не гласаме за чоколадо без леб – ние сега гласаме за слобода и човечки правдини, како што пишува на знамето на нашите претци и се воспева во песните за јунаците.
Оној што не се бори за правдина, не смее да го користи името ВМРО, а ако го прави тоа, мора да биде казнет.

Фејсбук статус на Ненад Новковски