НЕМА ДОГОВОР ВО ПРЖИНО, ПРЕГОВОРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН, ЗАЕВ ПРЕД КАМЕРИ ДАВА ИЗЈАВИ ЗА НОВИНАРИТЕ, ГРУЈО ПОБЕГНА ОД КАМЕРИТЕ

0
1172

Без постигнат договор завршија денешните маратонски средби во резиденцијата на ЕУ во скопската населба Пржино, каде лидерите на најголемите политички партии, заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, разговараа околу точките од договорот од Пржино од 15 јули. Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети на излегување од резиденцијата изјави дека договор не е постигнат. Единствено се согласиле да продолжат средбите на работните групи.

Во моментов во резиденцијата на ЕК се останати само лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и меѓународните претставници, каде во меѓувреме Илче Гебелс даде изјава за новинарите а Грујо по втор пат побегна од камерите бидејќи како што дознаваме се потрошени 8 часа на законот за бомбите, Грујо е исплашен до коска.