НЕМА ВЕЌЕ ПРИСИЛНО ИЗВРШУВАЊЕ КАЈ СОЦИЈАЛНИ СЛУЧАИ, ВЛАДАТА ГО ЗАБРАНИ ЗАКОНОТ ЗА ПРИСИЛНО ИЗВРШУВАЊЕ КАЈ ОВАА ГРУПА НА ГРАЃАНИ

0
1094

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ

Денес е усвоена измената на Законот за извршување кое е одраз на реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на лица кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми, но и на социјално ранливите групи на лица, кои не
по своја вина не се во можност да ги намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, не само лична, туку и на нивните семејства.

Со измените
 целосно се изземаат од присилното извршување примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита, примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на старите лица, согласно прописите за социјална сигурност на старите лица
Дополнително со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана односно се менуваат
 ограничувањата на извршувањето и тоа од 1/3 на 1/5 од плата и пензијата
за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија
 примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните.

Ова доцна синоќа го објави министерката за правда, Рената Дескоска.