НЕМА ВЕЌЕ МУФТЕ ПАТУВАЊА НИЗ БРИСЕЛ И ПЕЧАЛБА ОД ПО 100.000 ЕВРА ГОДИШНО : ЛАЈНОТО КУРТОНСКО КОЕ ГИ ИСКРИВУВА ИЗВЕШТАИТЕ НА БРИСЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ МИА КОНЕЧНО СЕ ВРАЌА КУЧИ!

0
5376

Надзорниот одбор на МИА, донел одлука и му препорачал на УО на државната новинска агенција четворица дописници  во странство, да се вратат на работа во редакцијата во Скопје.

Сите веќе биле  писмено известени, а  како причина се наведува фактот што со ребалансот на буџетот на Република Македонија на МИА и се скратени средствата речиси за 20 проценти.

Намерата е на овој начин, да се избегне намалувањето на платите кај целиот персонал на агенцијата.

МИА има четворица известувачи од странство : Бобан Нонковиќ – Брисел, Јасмина Тасевска – Атина, Горан Момировски – Берлин, Томислав Ивановски – Лондон и Тони Гламчеваки – Стразбур.

Само минатата година и само за дописниците од Берлин, Атина и Берлин,  МИА платила 8 милиони денари (140.000 евра), во која сума не се влезени авионските билети, за честите патувања во двата правца.

МИА, во последниве  1о години, енормно го зголемила  бројот на вработените, од  триесетина, со колку што работеше до 2006, на дури 72, колку што  во моментов се редовно вработени.

На нив треба да се додадат и околу 30 хонорарни соработници, од кои 12 се дописници од толку градови во Македонија во внатрешнопста, надвор од Скопје.

МИА се раскомотила, надвор од актуелното време и како во старите добри времиња на болшевизмот, да се шири до бескрај, затоа што се финасирала од буџетски средства – преку  СОЗП.

До 2006 година не беше така, немаше директни буџетски пари.

На времето, државните новински агенции, како на пример Танјуг во бившата југословенска федерација, навистина добиваа и се финасираа со дел буџетски средства, но, поприлично и самите заработуваа, преку продажба на своите бројни сервиси.

Сервисите ги купуваа сите весници, но и сите ТВ и радиостаници во земјата. Но, тие времиња заминаа во неповрат, а само МИА не сака да го разбере тоа.

Во Македонија сега има многу портали, односно новински агенции, весниците згаснаа, комерцијалните телевизии не купуваат агенциски производи.

Од друга страна,  прашање и што може да се купи од МИА, кога самата агенција заостанува и во временска – квантитативна, но и во професионално – квалитативна смисла.

Веле Митановски