НЕКОЈ ТАЛИБАНЦИ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП ЌЕ ГО ЛАПНАТ КРОМИДОТ : Несовесното работење во службата, причина за нова кривична пријава против прилепскиот градоначалник

0
1644

Заради сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“, градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески заработи нова кривична пријава.

Според пријавата која до прилепското Основно јавно обвинителство ја поднесе адвокатот Жарко Стеваноски, Ристески се сомничи дека како службено и одговорно лице во ЕЛС Општина Прилеп, спротивно на чл.50 ст.1 т.15 од Законот за локалната самоуправа и спротивно на чл.51 од Статутот на ЕЛС Општина Прилеп, иако бил должен, не обезбедил заштита на сопственоста на Општината. Конкретно, градоначалникот не склучил полиса за осигурување од штета за 2016. година за зградата на ЕЛС Општина Прилеп, заради што штетата направена на општинската зграда за време на „Шарената револуција“ не може да се надомести ниту по основ на осигурување, ниту пак по основ на одговорност од трети лица.

Дека градоначалникот Ристески не склучил полиса за осигурување од штета со ниту една осигурителна компанија, потврдува вештиот наод и мислење на вештото лице Трајанче Јованоска, изработен на 14.10.2016 г.

Истовремено, од другиот вешт наод и мислење на вештото лице Зоран Георгиевски, утврдено е дека постојат две варијанти за висината на штетата предизвикана од протестите: во првата варијанта таа изнесува 203.000,00 денари, а во втората 1.538.000,00 денари.

„После извршените вештачења се потврди неодговорното и недомаќинско работење и однесување на локалната власт спрема имотот на Општина Прилеп. Согласно Законот за локална самоуправа и Статутот на Општина Прилеп, градоначалникот е обврзан кон општинскиот имот да постапува и да се однесува како добар домаќин. Градоначалникот е должен за имотот на Општината да склучи договор за осигурување од штета со осигурителна компанија, со цел да ја заштити сопственоста на Општината од штети од било каков вид. Вештачењата потврдија дека тој тоа не го направил и токму затоа општинската зграда остана неисчистена од боите на „Шарената револуција“, вели подносителот на кривичната пријава, адвокатот Жарко Стеваноски.

Согласно Кривичниот законик на РМ, за стореното кривично дело „Несовесно работење во службата“, покрај парична казна, предвидена е и затворска казна во висина од три месеци до три години.

Наспроти другите градови во кои против учесници на „Шарената револуција“ беа поднесувани кривични и прекршочни пријави за штетите предизвикани од протестите, Марјан Ристески е единствениот градоначалник против кој е поведена ваква постапка, од причина што, заради несклучување на осигурителна полиса, е директно одговорен што Општина Прилеп нема да може да ја надомести направената штета врз општинската зграда.

Зоран Милошески

Извор: Публикум