Негователка истурила кафе на лице на дете во градинка во Скопје

0
1549

Негователка во градинка во Скопје истурила кафе на лице на дете додека тоа се наоѓало во креветче во занималната. Детето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница.

Министерството за внатрешни работи (МВР), денеска соопшти дека М.Г. (33) од Скопје  пријавила дека во 12:30 часот во објектот „Чекорче“ на градинката „Срничка“ во занималната на постара предучилишна група, додека нејзината малолетна ќерка лежела во нејзиното креветче, од страна на непозната негователка било истурено кафе врз лицето на детето. Поради здобиените изгореници родителот го однел детето на лекарски преглед во Детска хирургија-Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.