НЕВИДЕНА БУДАЛАШТИНА ОД ЗЕТОТ НА ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ : ДИМЕ СПАСОВ Ѝ ГИ ЗЕЛ НА ФРОСИНА РЕМЕНСКИ ДАЛЕЧИНСКИТЕ ОД КЛИМИТЕ

0
2448

Ексминистерот за труд и социјална политика Диме Спасов и оставил празна канцеларија на новата министерката Фросина Ременски тврдат за САКАМДАКАЖАМ.МК вработени во Министерството.

Денеска на нејзиниот прв работен ден Ременски начекала канцеларија без компјутер, без телефон, принтер, а исклучен бил и интернетот. Утрово Ременски си донела компјутер од дома.

Но, без компјутери и телефони останал целиот нејзин кабинет. Кабинетот на Ременски се ладел на провев, бидејќи и далечинските од клима – уредите ги снемало по повлекувањето на Диме Спасов. Бил изнесен и канцеларискиот материјал.

Фросина Ременски е новата министерка за труд и социјала, како дел од владата за спроведување на предвремените парламентарни избори. Таа не сакаше за САКАМДАКАЖАМ.МК да коментира ништо за тоа како го затекнала утрово Кабинетот. Рече само дека е битно Министерството да функционира во делот на потребите на граѓаните, а тоа со канцеларијата е лесно за средување.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ