НЕВЕРОЈАТНО : Шефот на личното обезбедување на Груевски, Милошевски од својата службена картичка ги плаќал сендвичите на протестантите на Заедничка Македонија, по 500 евра на ден!

0
4112

За 26 дена, еден човек од обезбедувањето на поранешниот премиер Емил Димитриев, „изел“ неверојатни 7.207 евра, дознава Плусинфо.

Извесен Марјан Милошевски, кој, според фактурите со кои располага Плусинфо, е заведен како човек од обезбедувањето на премиерот, на сметка на владата, во периодот од 08 март до 31 мај годинава, потрошил 443.275 денари за угостителски услуги.

Само на последниот ден од владеењето на бившиот премиер, на 31 мај 2017 година, била исплатена фактура, на која се гледа дека само мал дел од менито на членот на неговото обезбедување биле 69 лепињи, 40 парчиња кравјо сирење, 34 парчиња свинско печење, 18 баклави…

Според материјалот кој редакцијата на Плусинфо имаше можност да го анализира, на 27 април, денот кога беше нападнато Собранието и беа тепани пратеници и новинари, како дел од деталниот опис на фактурата се спомнуваат 20 баклави, 26 вешалици од свинско каре, 43 парчиња кашкавал ајдамер, 69 лепињи, 18 парчиња кулен, 18 парчиња сув свински врат, 25 парчиња кравјо плус овчо сирење и 17 парчиња стек.

Јадешливиот Милошевски секој ден правел фактури кои се протегаат на неколку страни и дневно ја чинеле владата и до 28.318 денари, односно 460 евра народни пари.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ