Неверојатно колку се БЕДНИ режимските професори: Измеќарите на Грујо од гимназијата „Јосип Броз Тито“ ги заклучиле учениците за да не одат на протест?!

0
950

srednoskolski-plenum-540x360

На социјалната мрежа Твитер во 12:05 часот беше објавен твит, според кој Средношколците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ се заклучени за да бидат спречени да одат на протестниот марш организиран од Средношколскиот пленум закажан за во 12:30 часот.

broz pri

Слични притисоци во пресрет на протестот имаше и претходниве денови.

Средношколскиот пленум објави пресписка која е доказ за притисоци за откажување и недозволување на присуство на веќе платена екскурзија во Белград, во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, ако учениците присустваат на утрешниот марш.

Средношколкиот пленум ги потсетува директорите и професорите кои им се закануваат да го прочитаат Уставот, според кој секој граѓанин има право на протест.

Средношколците денеска ќе маршираат под мотото „Стоп за лошите реформи“.

– Уште на почетокот на денов почнавме да трпиме силни притисоци од страна на нашите директори. Под тоа ги подразбираме заканите од нив во врска со нашето присуство на утрешниот средношколски марш. Цитираме „Нема да биде како минатата година, оваа навистина ќе ве запишуваме“. Тука спаѓаат и бројни закани за педагошки мерки, намалени оценки, намалени поведенија и се така по ред кое веќе стана вообичаено за господата директори – соопштија вчера од Пленумот.

Средношколкиот пленум ги потсетува директорите кои им се закануваат да го прочитаат Уставот, според кој секој граѓанин има право на протест.

– Ние како граѓани, ученици и засегната страна во образовниот систем имаме право, но имаме и обврска да се бориме против експериментите на министерот. Ги прашуваме директорите, дали Вам Ви се допаѓа кога на Вашите колеги им ја намалувате платата заради бесцелно тестирање базирано на 30 кликови? Ги прашуваме и дали е добро за репутацијата на училиштата кога оние ученици кои целата година ја поминуваат во труд, активност, и знаење на крајот да добиваат пониски оценки само заради нефункционалноста на компјутерскиот систем? -прашуваат од пленумот.

Средношколците заклучуваат дека одговорите на овие прашања се веќе јасни, штом директорите им се закануваат, наместо да ги поддржат во нивните борби и активности.

-Тие се продолжената рака на министерот и заменик министерот, бескрупулозно и непедагошки спречувајќи не да викнеме гласно СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ! -заклучуваат средношколците.

Маршот започнува од Градскиот парк.