НЕВЕРОЈАТЕН ОПТИМИЗАМ НА МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ, НИКОЛА ДИМИТРОВ : Го изгубивме компасот, но има волја во Брисел да ни ги отворат вратите!

0
1614

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, најави нова средба до крајот на месецов како дел од преговорите за спорот со името. Не е прецизиран датумот на средбата, но е извесно дека ќе биде на ниво на преговарачи, без присуство на медијаторот, Метју Нимиц.

Како што изјави денеска Димитров, има обиди меѓу двете земји да се создаде позитивна клима во процесот на решавање на спорот.

-Покрај убавите зборови би сакал и конструктивни ставови. Факт е дека процесот беше во застој, меѓу другото и затоа што се наметнаа и други прашања што претставуваа пречка на нашите интеграции, како демократскиот развој, проблеми со зависноста на судството и неслободни медиуми. Има сериозен напор со политичката промена што ја доживеа Македонија да се работи на отстранување на овие пречки. Освен тоа тука е и лекцијата, што се случува кога земја кандидат се затвора во чекалната предолго време, и се губи компасот, што нам ни се случи. Има една политичка волја во Брисел и оптимизам да се извлече лекција и да се отворат вратите – изјави Димитров.