НДП во петок излегува на протести за поддршка на СЈО

0
893

„Владеењето на правото во земјата е претворено во сеопфатна мисија за сите граѓани во земјата. Оваа мисија е претворена во света мисија бидејќи недостакотот на владеењето на правото е пред целосно уништување не само на државата туку и на нормалниот живот на граѓаните во земјата, од независноста на земјата се до ден денеска. Ова уништување  на државата и институциите преку недостакот на владеење на правото, и по 25 години продолжува да се реализира од страна на деструктивните сили внатре во државните институции и различни политички парти, и поради ова причина меѓународната заедница создаде независна институција за враќање на владеењето на правото – СЈО.

Деструктивните сили работат силно за демонтирање на СЈО и поради ова причина сите прогресивни сили треба максимално да излезат во одбрана на оваа институција која работи силно за враќање на владеењето на правото во земјата. Во овој правец, Национална Демократска Преродба во петок ќе излезе на протести во Скопје во одбрана на СЈО. Поддршката за оваа институција е еден значаен чекор во правец на демаскирање на сите деструктивни сили сокриени внатре во власта во еден подолг временски период. Затоа, ги повикуваме сите добронамерни луѓе да ни се придружат на овој протест за демаскирање на сите луѓе кои се сокриени внатре во државата, нацијата, религијата, и сите други институции на граѓански организации. Само владеењето на право може да овозможи простор за нов здрав почеток на создавање на една држава целосно еднаква за сите народи. Сега е времето“, соопштуваат од НДП.