На 5 мај започнуваат протести во сите затвори во Македонија!

0
923

Во сите затвори во Македонија на 5 мај ќе се протестира во знак на револт поради тоа што претседателот Ѓорге Иванов уште нема донесено одлука во врска со барањето на илјадници затвореници да бидат помилувани, исто како што постапи и со политичарите. На затворениците ќе им се приклучат и нивните роднини и невладини организации кои ќе протестираат надвор од затворите, јави Алсат М. 

Според адвокатот Звонко Давидовиќ, затворениците се револтирани поради двојните стандарди, бидејќи претседателот не прифатил да направи колективно помилување на затворениците и не ги разгледал барањата на илјадници затвореници, а масовно помилувал политичари.