НА ЌОСИЊАТА НЕ ИМ ИДЕ ПАМЕТОТ : ОД КОГА ПОЛА ОД НИВ ГНИЈААТ ВО ЗАТВОР ТОКМУ ПОРАДИ ГРУЈО И МИЈАЛКОВ СЕГА ВАДАТ ЛАЖНИ АФЕРИ ПРОТИВ ЗАЕВ

0
1607

Откако пола од ќосињата од сите здруженија на ќосиња заедно им се по судови и по скапуваат по македонските затвори затоа што на Грујо и Мијалков им беше потребно топовско месо да гние поради нив сега претставници на ќосињата од здружение ли е партија ли е ,,ПОДЕМ” држат прес против премиерот Зоран Заев за тоа како бил неспособен и откажал војска?! На овие очигледно никогаш нема да им дојде паметот.

Ова е една ебена траги комедија од ќосињата, како само им го сместија Грујо и Мијалков и наместо да бараат одговор за тоа што им го рокна ножот во грб тие со сиот памет сега прават прес конференции против жртвата што требаше да ја убијаат на 27-ми април. Ебати трагедијата ебати, колку може животот да биде суров за вакво копуци и дрва некастрени, од локање пива и јадење скари по манастири до ќорка и судови. Погледнете што обзнаниле овие зелки белимбеговски во нивното обвинување кон премиерот Зоран Заев :

  • За СДСМ војната во 2001 година не постоеше, веројатно затоа некои нивни членови правеа се’ за да не учествуваат во неа. Во тоа време, младиот Зоран Заев со лекарско уверение се преправил дека е неспособен за одбрана на татковината. Како млад војник веројатно не би бил пратен на бојното поле, но тогаш младиот кандидат за пратеник од СДСМ добива лекарски печат со дијагноза за неспособност за служење на воениот рок, кој во тоа време беше законска обврска за сите полнолетни и работноспособни граѓани на Република Македонија.

Ова беше обелоденето на прес-конференција на Здружението на бранители БЕДЕМ во Струмица.

Оттогаш, велат од БЕДЕМ, поминаа повеќе од 15 години и како што можеме сите да видиме, Зоран Заев нема никакви здравствени проблеми, ниту пак имал некаква влошена сериозна здравствена состојба, како што пишувало во лекарското уверение на Заев кое што му било издадено со цел да го избегне служењето на законски задолжителниот воен рок.

-Со кое лице денес Зоран Заев говори и ветува дека ќе се бори за нас бранителите и дека ќе ги застапува нашите интереси, бидејќи кога имал можност да го направи тоа и да ни се приклучи во нашата зааедничка борба за Македонија, тој кукавички избегал со помош на лажирано лекарско уверение. Крајно лицемерно е тоа што само неколку месеци подоцна, очигледно немајќи ги веќе наводните здравствени проблеми, Зоран Заев станува пратеник во Собранието на Република Македонија во 2002-та година, велат од Здружението.

Само за потсетување, додаваат од БЕДЕМ, Заев за време на немилите настани во Куманово минатата година, ден по загинувањето на осумте македонски бранители, насмеан се фотографираше со јатаците на лице место каде што нашите браќа ги положија своите животи.

-Зарем ваков премиер заслужува Македонија, кој кога и бил најпотребен на татковината, избегал? Зарем ваков човек ќе ги брани државните и националните интереси?, запрашаа македонските бранители.