НА РЕЖИМСКАТА БАНДА ОД ПУКИ ИМ ДОЈДЕ КРАЈ : Оливер Спасовски направи смени во МВР – Пуки ги „пакува куферите“, Примислав Димовски повторно на чело на Алфите

0
2603

Примислав Димовски,  станува нов началник на Алфите, јавува „Либертас“

Нови функции во МВР добиваат Горан Трајановски кој ќе биде помошник министер на одделот за информатика и телекомуникации.

Кирил Митиќ станува началник на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност.

Драган Симоновски ќе биде началник на Секторот за прикриени операции во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните  полициски служби во Бирото за јавна безбедност.

Лазо Велковски кој стана познат како првиот човек во светот кој пријави обид за атентат со пластично шише ќе биде началник на СВР Скопје. На Бихаќка е познат и како телохранител на Шеќеринска.

Танчо Пројковски ќе биде началник на СВР Струмица.