НА НЕКОИ ОД ГРУЕВЦИ МУ ТЕЧЕ НИЗ НОГАВИЦИ : Врховен ја укина пресудата за „Монструм“, судењето почнува од почеток

0
2645

Врховниот суд ја укина пресудата за случајот Монструм.

Во денешното соопштение оттаму наведоа:
„-Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда по предметот познат во јавноста како „Монструм“, со која жалбите на одбраната се уважени, а првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот е вратен на првостепениот суд на повторно одлучување.“

Кај Смилковско Езеро на 12-ти април 2012-та година беа убиени 4 момчиња и еден рибар.

За убиството беа уапсени повеќе осомничени, додека двајцата првоосомничени избегаа. Во првостепената и второстепената постапка беа изречени доживотни казни затвор.

Врховниот суд по јавната седница по жалбите на одбраната ја укинува пресудата, откако истото го предложи и јавното обвинителство со образложение дека има индиции за нови сознанија за случајот.