НА МИЛЕ МУ ТЕКНА : НАЈОСТРО ГО ОСУДУВАМ БЕГСТОВОТО НА ГРУЕВСКИ, ПОРАДИ НЕГО СЕГА СИТЕ ЌЕ ЗАГЛАВИМЕ ВО ЌОРКА!!!

0
1942

На Миле му текна…

Поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески ексклузивно за ТВ 21 вели дека најостро го осудува бегството на Никола Груевски.

„Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети“.

Јанакиески додава дека не планира да бега од Македонија и дека моментално е во Скопје, најави и појавување на утрешното судско рочиште за предметот „Титаник“.

Тој бара од медиумите да информираат објективно и повика да се престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот.

Екс премиерот и екс Министерот за транспорт и врски се обвинети во неколку предмети од Специјалното јавно обвинителство.

Исто така Миле Јанакиески ќе му се товари и делото за провизија со жутите за автопатот Кичево – Охрид.