На македонските патишта ќе никнат 6 нови патарини

0
1785
ЈП за државни патишта објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на кабини за наплатни станици.
Според објавата на Електронскиот систем за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 14.000.000 денари или околу 230.000 евра без ДДВ, пишува порталот еМагазин.
КАко што може да се забележи од описот на јавната набавка се работи за инсталација на кабини за пресонал која треба да приврши за 30 месеци.
Инаку, на почетокот од минатата година ЈП за државни патишта објави дека на новите автопатишта кои се градат треба да бидат поставени шест нови патарини.
На автопатската делница Демир Капија – Смоквица која треба да биде пуштена во употреба до крајот на месецов предвидено е да бидат поставени три нови патарини.
Две нови патарини е предвидено да бидат поставени и на автопатот Миладиновци – Штип кој што исто така треба да биде завршен годинава, а на автопатот Кичево – Охрид кој се очекува биде пуштен во употреба на почетокот на 2018 година предвидена е изградба на една нова наплатна станица.
Извор: еМагазин