На Латас му тече низ ногавици од траумите што тој и Sинго ги добиле

0
1324

Ало Налниче!На Драган Павловиќ веќе му тече низ ногавиците.

latas

Десет години Драган Павловиќ – благодарение на режимот на Груевски бил на рехабилитација, од траумите што тој и Ѕинго ги имале добиено од претходната власт која им беше многу добра се додека не ја променија страната.
Но сега, по тие десет години уживање, и по сите гадости во кои учествуваа изминатите десет години ,почуствувале дека се надвиснала голема опасност од губење на благодетите.
Павловиќ оценил дека внатрешни и надворешни неријатели се здружиле да ја уништат Македонија. Опозицијата и Сорос од внатре со Американците и Албанците од надвор и од внатре.
Доаѓала апокалипсата. Неговиот „Тотал маркетинг„ кој се споменува во прислушавните разговори, дознал дека: Ќе настапела косовизација на Македонија, па федерализација, па губење на името , па суверенитетот а ке снемало пензии, субвенции, вработувања па дури ќе била згрозена и слободата за „куртон вестите„ на Тв Сител за кои владата на Груевски плаќаше сите овие години милиони евра.
Павловиќ е особено вознемирен од планот на Специјалната јавна ообвинителка да ги процесуира индициите за сторените кривични дела пред одржувањето на изборите. Тоа ќе ја ослабело неговата омилена партија. И затоа тој ја предупредува обвинителката, која патем ја множи со нула, да внимава што прави. Да не ги слуша Американците оти ќе ја искористеле само за една употреба.
Човекот делува вистина преплашено . Изгледа крв му наврела во очите и говори дека некаква црвена сијалица за општа опасност веќе била запалена.

Повикува да отвориме очи, да го следиме само својот(неговиот интерес) и својот (неговиот) здрав разум кој му кажувал дека Вашингтон е заинтересиран само за Албанците.
А истиот речник го користеше пропагандата на Слободан Милошевиќ кај кого Павловиќ одеше на поколонение. И за Милошевиќ најголемата опасност за неговите интереси доаѓаше од демократската опозицијата, од Албанците и од Американците. Но, на крајот сите видовме како завршија тој и неговата политика. Политиката на Милошевиќ е победена во Србија но, за жал не е се уште победена и во Македонија. Нејзините експоненти со години, и по потреба, не трујат под заштита лично на Груевски со нацистичка пропаганда . Тие се веќе подолго време, македонската неофашистичка „Златна Зора„ Но, во Грција, за разлика од кај нас, припадници на таа партија завршија во затвор.


Останува само надежта дека овие кај нас, ќе завршат сите како Милошевиќ и како неговите пропагандисти. А тоа ќе биде единствениот услов за Македонија како Србија да почне нормално да живее.

Фејсбук статус на професор Ѓорѓи Спасов