НА КОМЕДИЈАТА ВО СУД И НЕМА КРАЈ: Адвокатот на Груевски побара од судот да ги игнорира бомбите, бидејќи во спротивно политички ќе го дискриминирале

0
1649

Адвокатите на Никола Груевски и на Ѓоко Поповски денеска во завршните зборови за случајот „Тенк“ побараа ослободителна пресуда за своите клиенти.

Адвокатот Стерјо Зиков истакна дека Груевски не се познавал со Поповски што значи и дека не можеле да договорат фаворизирање на одредена компанија при напавка на мерцедесот од 580.000 евра. Тој истакна и дека не е спорно што набавениот автомобил е мерцедес бидејќи и останатите блиндирани возила кои биле во МВР биле мерцедеси.

Адвокатката Алексиќ исто така побара ослободителна пресуда за Груевски, бидејќи како што рече не е точно дека во случајот била фаворизирана компанијата Мак ауто стар бидејќи доколку сакале да фаворизираат, тогаш ќе го направеле тоа преку членот 7 од Законот за јавни набавки, со кој се дозволувало фаворизирање.

Таа посочи и дека доколу МВР набавело ауди, со истите перформанси и тоа ќе чинело исто, односно ќе било поевтино за нешто над 200 евра. Нејзиниот колега Боро Тасевски пак, ги оспоруваше доказите, односно бомбите, бидејќи според него, обвинителството не понудило гаранција за нивната автентичност.

-СЈО има монопол врз бомбите, а претходно тој монопол го имаше СДСМ, партија која наводно ги предаде сите бомби на СЈО, а за кои никогаш не се докажа автентичноста, истакна Тасевски, кој заклучи дека врз основа на овие разговори не може да се заснова правична пресуда.

-Бараме да ги игнорирате бомбите, бидејќи во спротивно ќе имате незаконски третман кон обвинетиот и ќе извршите негова дискриминација врз основа на политичка припадност, истакна Тасевски.

Тој на крајот ги предупреди судиите Добрила Кацарска и Дарко Тодоровски дека на сила стапуваат измените на Законот за судови, според кои се предвидени тешки дисциплински санкции за судиите кои нема да ги почитуваат пресудите на Судот за човекови права во Стразбур.

Додеа тој зборуваше, судијката Кацарска слатко се насмеа и му се заблагодари на предупредувањето за опасноста од разрешување, додавајќи дека и досега судиите можеле да бидат разрешени за нивна непрофесионална работа.

Извор: Фокус.мк