НА КОМАНДАНТ ХОЏА МУ ПУКНА ФИЛМОТ: Абе ВМРО-вци, сега плукате по мене, а пред некоја година дојдовте пола влада кај мене дома да ме молите да дојдам во Скопје и да ви помогнам!!!

0
3436
Да не заборават во ВМРО-ДПМНЕ, дека во периодот кога требаше да се прави демаркација, дојдоа од владата на Косово, претставници од Албанија, Американци, како и од Македонија, на чело со претседателот на комисијата, Теодор Јанев, и побараа од мене да им помогнам, да ги елиминирам проблемите и да придонесам во прашањето на демаркацијата, што беше во интерес на регионот. Ние тогаш го дадовме нашиот придонес, за да докажеме дека не сме криминалци – изјави за Лајм Џезаир Шакири-Хоџа.
-ВМРО-ДПМНЕ – вели Хоџа –  тогаш во Танушевци испрати четири министри, таму беше и Бујар Османи може да го прашате. Тогаш се договоривме да ја отварат границата, но тоа не се случи никогаш. Ние тогаш баравме да се исполнат некои барања, да се отвори амбуланта, да се градат патиштата. Но не лажеа како и секогаш.
Шакири додава и дека Антонио Милошоски, тогаш министер за надворешни работи, преку телефон го молел и не му пречело тоа што бил, како што вели, бунтовник.
-Ми се заблагодари за придонесот во работата на демаркацијата. Да не заборавиме дека ВМРО го прати тогаш во Танушевци и Трајко Славевски, за да се сретне со мене, да ме убедат да се вратам во Скопје. Но јас не им верував. Јас сум бунтовник но не сум терорист – вели Хоџа.