На Кинезите им ПУКНА филмот: Сакаат да го турнат Ким Јонг Ун и по цена на војна со Северна Кореја

0
1881

Кинезите ја разгледуваат можноста за рушење на власта на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун, кое би било спроведено со “хируршки удари”, а можна е ѝ воена интервенција.

 

Креаторите на кинеската политика разгледуваат начини за рушење на Ким Јонг Ун, по новите сателитски снимки кои откриваат дека Пјонгјанг подготвува шести атомски експеримент, пишува Daily Mail, повикувајќи се на Korea Times.

Тие размислуваат за “хируршки удари” на најзатворената земја на светот, рекол професорот Же Сун од Школата за меѓународни односи при Универзитетот Колумбија.

Korea Times пишува дека Же Сун на безбедносниот форум во Вашингтон кажал дека Кинезите разгледуваат кој е најдобар начин да се ослободат од севернокорејскиот лидер.

“Некои кинески професори и креатори на политика како едно од решенијата разгледуваат “хируршки удари” и “обезглавување”, кое би го спровеле САД и Јужна Кореја”, рекол Же Сун.

“Порадикалните предлози укажуваат дека Кина би требало да биде таа која ќе го промени лидерот во Северна Кореја, ќе прати војска преку границата и ќе ја принуди да се откаже од нуклеарната програма и да започне реформи”, додал Же Сун.

Анализите од сателитските снимки од теренот за атомски експерименти во Северна Кореја покажуваат активност во сите три тунелски комплекси, што ги подгрева шпекулациите дека се подготвува уште еден тест по повод најзначајниот политички празник во таа земја, основањето на Работничката партија.

Денес се одбележува 71-годишнината на втемелувањето на работничката партија, а тестовите и претходно се поклопувале со важни датуми во политичката историја на Северна