НА ЗАЕВ МУ ПУКНА ФИЛМОТ: Ваљон Беља тропа глупости и не можеме да дозволиме да си игра играчки

0
1470

Зоран Заев денеска го искорментира разрешувањето на економскиот директор на Клиниката за Гинекологија Ваљон Беља.

Беља беше разрешен пред два дена откако преку својот фејсбук профил ја обвини директорката на Гинекологија, Викторија Јовановска, дека е одговорна за незаконски јавни набавки и дека фаворизирала компанија која врши лабораторски тестови. Притоа тој и се закани дека за случајот ќе го информира Јавното обвинителство.

Заев денеска изјави дека Беља „тропа глупости“.

-Со Валон Беља или не знам точно како е името на досегашниот економски директор, проблемите се од поодамна. Тој е меѓу оние директори кои беа дел од дебатата за промени. Тој веројатно кога слушна дека ќе биде променет истапи со вакви работи. Делот со индиции за одредени криминални дела истражните органи треба да го проверат, почнувајќи од Зоран Заев па натаму по хиерархија на извршната власт. Суштината да вака настапи директорот беше тоа што му беше соопштено од неговите дека ќе биде разрешен и тој тргна по тој пат. Затоа се случи одлуката на министерот веднаш да биде разрешен затоа што со соопштување на одлуката и неговиот начин на прифаќање на таа одлука, да тргне во тој правец, дефинитивно може да направи непоправливи штети, не заради тоа што ќе зборува за одредени работи, туку заради тоа што тропа глупости од секој можен аспект. Не можеме да дозволиме никој да игра играчки со институциии и со позицијата на која бил поставен – рече Заев.