НА ВМРО ДПМНЕ СТВАРНО МУ СЕ СТЕМНИ – МВР ПОАПСИ ПОЛА ЧЛЕНОВИ НА ПАРТИЈАТА ДЕНЕСКА И ВЧЕРА: Сите фатени со пари, пиштоли, дрва, градежни материјали, едни дури сакале да тепаат избирачки одбор во Гази Баба!

0
6500

Денеска во Стајковци по завршување на гласањето на болни и изнемоштени лица пред избирачкото место се случил вербален инцидент во кој според очевидци носител на советничка листа нападнал член на избирачкиот одбор. Наводно советникот без никаква причина почнал недолично да зборува и да упатува навреди кон членови на избирачкиот одбор и нивните семејства.

Инцидентот веднаш бил пријавен во полиција по што советникот е повикан на информативен разговор. Додека трае распитот пред полициската станица се собрани група на негови поддржувачи.

Прекршување на изборен молк-општина Новаци Денес во с. Далбеговци-општина Новаци, лица ангажирани од фирмата „Стентон“асфалтирале улица во селото. Полицијата е на терен и го расчистува случајот.

Во станица се приведени Александар Василевски Нинџа и блаже петровски, вработен во 6. Управа во МВР, а суспендиран поради настаните во собрание на 27 април, со одземено службено оружје. Петровски носел приватен револвер, наполнет со муниција, што е спротивно на законЗапрени се со возило мерцедес кај оу Стив Наумов во Автокоманда.

М.С. од село Корешница-Демир Капија во Полициската станица Неготино пријавил дека С.Б. (43) од село Корешница му понудил пари за да гласа за еден од кандидатите за градоначалник на Демир Капија.

Полицијата информира дека во врска со пријавениот настан, во Полициска станица Неготино заради прибирање на информации се повикани неколку лица.

Известени се и  јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и од Основното јавно обвинителство Велес, кои дале насоки по комплетирање на случајот да се поднесе соодветен поднесок до Основно јавно обвинителство Велес со целокупната документација.

Полицијата од Кочани денеска на информативен разговор повикала маж од овој град, кој бил кандидат за советник од листата на сегашната парламентарна опозиција, кој за одредена сума пари поткупувал гласачи за в недела, дознава Плусинфо.

Кај кандидатот е најдена поголема сума на пари и список на гласачи од одреден дел на Кочани. За случајот веднаш било известено Јавното обвинителство.

Aктивист на СДСМ бил нападнат од страна на активистка на ВМРО-ДПМНЕ која сакала да ги кине плакатите на градскиот стадион во Штип. Активистот ја снимал со телефонот и жената физички му се нафрлила, упатувајќи му погрдни зборови, а му го скршила и телефонот. Активистот повикал полиција.