НА ВМРО-ДПМНЕ ИМ ПРОТЕЧЕ НИЗ НОГАВИЦИ ОД ВЕТИНГОТ НА СУДИИ ПА ПРАВАТ ОБИД ДА ЈА СПРЕЧАТ ОПЕРАЦИЈАТА : Со 950 амандмани за Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители

0
963

ВМРО-ДПМНЕ има поднесено околу 950 амандмани за Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, соопшти на денешната прес-конференција пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, владејачкото мнозинство мора да сфати дека треба што поскоро да стави крај на злоупотребата на ставањето европско знаменце на закони кои немаат никаква допирна точка со европска регулатива, а се со цел да се скрати рокот за остварување на одреден политички или коалициски договор на Владата.

-Токму ваков е примерот со Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, каде во суштината на тој закон објективните критериуми и поените кои се добиваат според објективни критеириуми и тестирање кои во моментов се околу 90 отсто од вкупниот број поени се девалвираат на сметка на зголемувањето на субјективизмот и одлучувањето на Комисијата во оценката на можните студенти за Академија за судии и јавни обвинители, која е составена во голем дел по препорака на извршната власт и на Министерството за правда, рече Милошоски.

Затоа цениме, како што рече, дека ова не е реформа на Академија за судии и јавни обвинители, напротив станува збор за антиреформа која ние сметаме дека не е добро да помине и да го деградира веќе востановениот мерит систем, кој е изграден не само со поддршка од нашата држава, туку и од Франција и САД, како најголеми донатори на на Академијата за судии и јавни обвинители.

Прашан за Законот за јавнообвинителска служба, Милошоски рече дека ќе поднесат доволен број амандмани за тој закон, како што додаде, да не може да помине затоа што целта на овој закон е да се заобиколи Законот за Јавно обвинителство и државниот обвинител да добие ингеренции кои не му следуваат, а поврзани со вработените во СЈО.

-Се додека постои голем сомнеж за сторен криминал, за незаконски земени награди и за злоупотреба на службената положба од страна на сите специјални јавни обвинители и голем број истражители и нивни соработници сметаме дека не треба да има било какво легализирање на тие сомнежи за незаконито работење. И затоа инсистираме доколку собраниското мнозинство има искрена намера да ја гласа нашата иницијатива за формирање Анкетна комисија за увид во материјално-финансиското работење на СЈО. Го повикуваме државниот јавен обвинител што поскоро да излезе со конечна истрага и можни обвиненија за злоупотреба на службена положба по однос на незконито доделување парични награди на членовите на СЈО и нивните соработници, рече Милошсоки.

Одговарајќи на новинарско прашање, Милошоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ има принципиелен став дека секој Изборен законик треба да се донесе со што поширок партиски консензус и што подалеку од изборниот момент.

– Не може нов Изборен законик да се носи без согласност на најголемите релевантни политички партии и да се носи еден или два месеца пред избори. Без разлика колку сегашниот или можниот иден изборен модел може да бидат подобри или помалку добри од она што денес го имаме како изборна пракса, рече Милошоски.

Тој информира дека ВМРО-ДПМНЕ има поднесено околу 600 амандмани на Законот за една изборна единица и исто толкав број на амандмани на другиот предлог-законот што се однесува на изборните листи.